Најмалку 30 лице е повредено во експлозија во кафуле во Урошевац (Феризај), потврди локалниот обвинител Шукри Јашари. Меѓу повредените има и две деца. Четири лица се во тешка здравствена состојба.
Според медиумите причина за експлозијата е боца со гас.
Директорот на болницата во Урошевац, Јетон Зеќири, рече дека 22 лица повредени во експлозијата се згрижени во таа институција, како и дека осуммина се пренесени во клиничкиот центар во Приштина поради сериозноста на повредите.
– Четири лица претрпеа сериозни изгореници и се во животна опасност, рече Зеќири.
На местото на експлозијата има голем број припадници на полицијата, пожарникари и екипи на Брза помош.