Во енергетиката се случува “распад ситем“- состојбите се коса да му се крене на човек, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

“Распад ситем“ е фраза која најдобро го опишува енергетскиот ситем во Македонија со власта на Ковачевски и СДС. РЕК Битола работи со еден блок со 75% од инсалираната моќност, иако беше ветувано во функција не се ставени РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино, а хидропотенцијалот е само 18%. Сето ова се случува во декември среде грејна сезона, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Заради ова Македонија увезува струја и троши народни пари заради нечија неспособност но и нечии провизии. Само за првите 4 дена од декември авансно се платени 6 милиони евра за увоз на струја. Од 7-ми ноември заклучно до 4-ти декември граѓаните ќе ги платат неспособноста и криминогеноста на оваа влада со скоро 29 милиони евра за увоз. Во просек по над 1 милион евра дневно.

— реклама —

Згора ба сето ова, продолжува договарањето во 4 очи во РЕК Битола, што се прави со омилените компании на директорот за дебели и мрсни износи. Врват камионите, врват матните бизниси, парите се испумпуваат, РЕК Битола пропаѓа исто како и целиот енергетски систем. Коса да му се крене на човек од состојбите, но тоа на Ковачевски нема ефект. Тој или е опериран од одговорност или кога се работи за криминалите во енергетиката го нема она чувство како со нож да му го сечат стомакот. Само и Ковачевски и неговите пајташи треба да знаат дека времето на одговорност е пред нив и може да се кријат но не може да избегаат“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања