Промени тема
Контакт

„Во ЕУ како Македонци со чист македонски јазик не е асимилација“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
znaminja-777x437

Анти европската коалиција на ВМРО ДПМНЕ и Левица има проблем со пласираните невиситини, вели СДСМ

„Не може да има бугаризација со македонски јазик во ЕУ.

— реклама —

Во ЕУ како Македонци со чист македонски јазик не е асимилација, тоа му јасно на секого.

Бугаризација има колку што имаше кантонизација и федерализација.

— реклама —

Невистините за бугаризација и асимилација се пласирани затоа што немаат вистинска аргументација противниците на членството во ЕУ.

Анти-европска коалиција функционира врз база на хистерично ширење невиситни.

Изминатите неколку денови се случија насилни протести, тензии но и обид за крваво сценарио за предизвикување етнички конфликт, кое не успеа.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица, помогнати од Алијанса се обидоа во среде Скопје да испровоцираат меѓуетнички конфликт од огромни размери.

Сето ова говори за сериозноста на одредени анти европски структури кои сакаат да ја дестабилизираат државата, да го повторат 27 април или 2001 година.

— реклама —

Затоа потребно е одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија да понесат сите инволвирани.

Институциите, безбедносните структури, нема да дозволат кој било да ја загрозува стабилноста на државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања