Фондот за осигурување депозити конечно вчера во попладневните часови го доби од стечајниот управник Душко Тодевски списокот со штедачи од Еуростандард банка кои треба да бидат обесштетени. Веќе од денеска ќе се прави распоред на штедачите по четирите банки кои се одредени за преку нив да оди обесштетувањето. Денеска интензивно ќе се работи на распоредувањето на штедачите, за веќе во понеделник списоците да бидат доставени поединечно до четирите банки, објави faktor.mk.
На банките ќе им бидат потребни четири дена за процесуирање на списоците во нивните системи.
Инаку, како што и веќе беше објавено, преку Фондот ќе се обесштетуваат околу 139 илјади штедачи.Според сознанијата на Фактор, соред последниот список што Фондот го добил од стечајниот управник, намалена е сумата на обесштетување, во споредба со онаа што првично се планираше според тогаш достапните податоци.
Односно, ако првично се најавуваше дека за обесштетувањето треба да се потрошат 4,4 милијарди денари од Фондот, или 71,5 милиони евра, сега, според последниот прочистен список од стечајниот управник, ќе треба да се испалти помала сума, односно 4,2 милијарди денари, што значи дека таа се свела на 68,2 милиони евра. Односно, сумата на обесштетување е намалена за 3,3 милиони евра, пишува faktor.mk.
Порталот објаснува и како дојде до топење на сумата за обесштетување за 3,3 милиони евра?но и Кој шделед со приватни каматни стапки.Текстот во целост на: faktor.mk.