Промени тема
Контакт

Во „францускиот предлог“ нема ништо што го загрозува македонскиот јазик и идентитет“, вели ВМРО-Народна партија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ljupco-georgievski-vmro-np-696x365-696x365-1

ВМРО-Народна партија ја анализираше најновата и изменета верзија на „францускиот предлог“, и оценува дека во него нема ништо што го загрозува македонскиот јазик и идентитет. Секој договор е своевиден компромис но факт е дека бугарската страна има повеќе отстапено од нејзината последна позиција, т.н. рамковна позиција со која Македонија требаше самата да прифати и објави дека македонскиот јазик и нација се настанати од 1945 година“, вели ВМРО-Народна партија.

— реклама —

„Затоа ВМРО-Народна партија го прифаќа смета дека не смееме да го испуштиме овој најнов предлог со кој се отвораат македонските евроинтеграци. ВМРО-Народна партија ги повикува сите критичари на „францускиот предлог“ да не го прават тоа со кампањско отфрлање на целиот предлог туку да ја конкретизираат својата критика, кој член или кој став од предлогот сметаат дека го нарушува македонскиот идентитет.

— реклама —

Доколку, отсуствуа таквата критика ќе сметаме дека кампањски пристапуваат кон текстот, а немаат никаква суштинска забелешка. ВМРО-Народна партија не може, а да не го коментира однесувањето на поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров кој директно учествуваше во потпишувањето на договорот со соседна Бугарија и состави недоречен договор кој до ден денеска ни прави проблеми.

— реклама —

Исто така комплетно го преспа периодот пред донесувањето на „рамковната позиција“ во бугарскиот парламент, а само една негова посета на соседна Софија ќе беше доволна таа рамковна позиција да не биде воопшто ни усвоена.

— реклама —

Затоа сметаме дека во овој момент имаме најмалку потреба од квазипатриотско однесување туку имаме потреба од државнички однос на сите оние кои се повикани да бидат одговорни за иднината на македонската држава“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања