Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Во гаснењето на пожарот на планината Галичица се вклучи и хеликоптер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Охрид
Helicopter_gasnenje_pozar_09052021004

Еден хеликоптер на Воздухопловниот ВИНГ во текот на вчерашниот ден се вклучи во гаснењето на пожарот на планината “Галичица” кој е активен на непристапен потег. Според најавите во текот на денешниот ден ќе се делува со две летала од воздух.

— реклама —

По барање на градоначалникот Константин Георгиески се одржа состанок на кризениот штаб на кој присуствуваа претставници на Центарот за управување со кризи, НП„Галичица“, Дирекција за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица од Охрид и СВР Охрид.

— реклама —

Беа донесени неколку заклучоци меѓу кои и одлуката од денес, 06.09.2021 година од 6 часот да биде испратена екипа од 40 лица, кои ќе заминат на терен со цел да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Екипата ќе делува на потегот каде што нема остатоци од. неексплодирани гранати.

— реклама —

Екипата ќе биде составена од претставници на Центарот за управување со кризи, НП„Галичица“, Дирекција за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица од Охрид и Службата за спасување на планина од охридскиот Црвен крст. Се разгледува можноста да бидар вклучени и доброволци, доколку е тоа потребно.

Инаку Општина Охрид на 30-ти август, кога пожарот беше пренесен на територија на Република Северна Македонија, испрати барање до Центарот за управување со кризи за ангажирање на летало и за спроведување на активности за гаснење од воздух и беше во постојана координација и комуникација со сите надлежни институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања