„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Во главен град во регионот ќе „никне“ споменик на Тито

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
tito

Во главниот град на Црна Гора, Подгорица ќе биде изграден споменик на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито.

— реклама —

Градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ најави дека ќе ја поддржи иницијативата за иградба на споменик на Јосип Броз Тито во главниот град на Црна Гора, чие име (Титоград) градот го носеше 47 години.

Вуковиќ денеска се состана со претставници на Здружението на борци на НОБ и антифашистичка Подгорица, на кои им искажа благодарност за зачувување и ширење на идејата за антифашизам, како темела вредност на црногорското општество.

— реклама —

Вели дека без тоа нема да ја имало ниту денешната модерна, граѓанска и мултиетничка Црна Гора.

Тој е горд што здружението на борците од НОБ и антифашистите негуваат таква традиција и што биле на вистинскиот пат во најтешките времиња.

Во минатото многу градови во екс ју републиките имаа градови именувани по Тито.

Во Словенија тоа беше Титово Велење, Босна и Херцеговина го имаше Титов Дрвар, Црна Гора во чест на претседателот го даде и името на главниот град, Титоград, денешна Подгорица. Србија пак имаше највеќе градови со името на Тито: Титово Ужице (Ужице), Титов Врбас (Врбас), како и градот во Косово, Титова Митровица (Косовска Митровица).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања