Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Во градскиот буџет нема пари за автобуси, институциите да истражат за диловите на Мицкоски, бара Јанчева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

„Со денови Данела Арсовска молчи во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски преговара за набавка на нови автобуси за градот Скопје. Молчи и претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски“, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Таа додава:

„Тврдењето на Мицкоски дека тој преговарал и веќе се подготвувала тендерска документација за набавката на нови автобуси отвора сериозни сомнежи за корупција.

Сомнежите за коруција се основани, особено што во буџетот на Град Скопје нема ставка за набавка на 100 електрични автобуси, во Годишниот план за јавни набавки на Град Скопје исто така не е предвидена набавка на 100 електрични автобуси

— реклама —

Дали зад оваа набавка се кријат приватни интереси со странските фирми со кои на сомнителен начин е одлучено да се преговара?

Овој случај во многу наликува со набавката на кинеските автобуси пред 10ина година кога буџетот на државата бил оштетен за околу пет милиони евра.

— реклама —

По сето ова, на потег се надлежните институции кои мора да постапат.

Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата мора да постапат по овие наоди и да спречат нова криминална зделка на штета на граѓаните во град Скопје“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања