Промени тема
Контакт

Во Градско обезбедена бесплатна градинка за секое дете, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
gradinka-2

За сто дена реализирани се 1090 проекти од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека почнаа промените кои носат иднина, вели ВМРО-ДПМНЕ

„И покрај сите опструкции од централната власт и покрај големите долгови кои ги оставија градоначалниците на СДСМ и ДУИ започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта, 206 улици и патишта 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови и расчистени се повеќе од 200 диви депонии.

Во Велес изминативе 100 дена асфалтирани и бетонирани се повеќе улици во градот – 8ми Март, Петар поп Арсов, Методија Андонов Ченто, Архиепископ Михаил, Андон Шурков, Јован Басаров. Во исто време завршена е реконструкцијата на плоштадот во село Горно Оризари и изградена е фекална канализација, шахти и приклучоци во населба Отовица.

— реклама —

Во Свети Николе обезбедени се средства за реконструкција на ООУ “Кирил и Методиј” и ООУ “Гоце Делчев”, а остварени сите услови за изградба на градинка во с. Ерџелија.

Во Лозово обезбедени се таблети за учениците од прво до четврто одделение како и набавка на смарт табли со LCD проектори и интерактивни панели за потребите на наставниот кадар и учениците. Исто така потпишан е договор и распишана јавна набавка за реконструкција на Локален пат Гуземелци –Кнежје.

— реклама —

Општина Неготино реализираше асфалтирање на улици во Тимјаник, исчистени се депониите кај Криволак, Тимјаник и Курија, а во веќе се спроведува доделувањето на ваучери во вредност од 7.000 денари за секое новороденче во општина.

— реклама —

Во Градско обезбедена бесплатна градинка за секое дете, бесплатен оброк за учениците од I-V одд. и стипендии за најдобрите. Патем завршени се градежните работи на улицата Илинденска, а Се заврши во целост и изградбата на улица Панко Брашнаров со атмосферска канализација.

Во Kавадарци во завршна фаза е Градскиот зелен пазар, со две нивоа за паркирање и едно ниво за продажба на свежи зелени производи. Со изградбата на објектот Сонце после 40 години Кавадарци доби нова детска градинка, а се реализира и реконструкција на О.О.У Страшо Пинџур во село Возарци“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања