Грчкото Министерство за култура соопшти дека две недопрени гробници кои датираат од 1400 до 1200 година п.н.е биле пронајдени во близина на градот Немеа, на југот на земјата.
Областа е позната по многубројните гробници, но повеќето биле ограбени пред да бидат пронајдени, пренесува АП.
Министерството наведува дека во новооткриените гробници има две погребани лица, но и остатоци од покојници преместени од други гробници.
На локацијата е пронајдено големо количество древен накит.