Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Во групата за Палчо, нови морбидни коментари за МВР: Ги чекам да ме најдат, двајца сме со кандило, еден со лопата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
spasovski-1d-1

Десетина дена секојдневно се полни со објави групата „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“, а исто толку време МВР не го најде лицето кое му се закани на министерот Оливер Спасовски преку монтирана фотографија.

Во меѓувреме, објавувачот кој стои зад профилот „Ѓоре Ајтов“ ја предизвика полицијата да стигне до него ако може. МВР пак, не одговара на прашањата дали напреднале во истрагата за неговото откривање. Во групата, од истиот профил, нов морбиден коментар.

— реклама —

„Ги чекам да ме најдат! Да им помогнам околу барањето, тројца сме, двајца со кандило и еден со лопата“, пишува профилот во коментар на објава во групата.

— реклама —

— реклама —

МВР кажа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Оттогаш, не споделуваат никакви детали дали има напредок во истрагата. „Скопје1“ пред четири дена праша дали е лоцирано лицето, но оттаму не одговорија.

Во овој случај, МВР може да постапува бидејќи коментарот може да се смета за говор на омраза. Доколку се лоцира лицето, тоа подлежи и на кривична одговорност. Групата за поддршка за Палчо е и извор на заговори, во кои се посочува дека тој е невин и дека системот се обидува да го наместо за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. За неа, МВР кажа дека не може да превенира бидејќи нема никаква улога во фирмирањето на фејсбук групи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања