Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Во Италија уапсен скопјанец кој купувал дијаманти со фалсификувани евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
nakit-adr

Скопјанецот С.Д.(34), кого италијанската полиција го барала безмалку една декада поради милионски измами, бил уапсен случајно пред една недела на аеродромот во Милано од каде требало да се качи на лет кон Скопје, пишува 24 Инфо. Тој веднаш бил спроведен во истражен затвор, откако судот во Милано му одреди притвор додека трае истрага за кривичните дела за кои се товари.

— реклама —

Според полицијата, измамата скопјанецот ја извршил во 2010 година, откако стапил во контакт со златар од Германија. Измамникот купувал накит по добра цена и нудел кеш, па Германецот стигнал на аеродромот „Малпенса“ во Милано за да му продаде осум дијаманти и ѓердан од антички дијаманти кои датираат од 1850 година. Златарот се согласил да ги продаде за 1.400.000 евра. Измамникот му ги покажал парите, спакувани во 70 пакетчиња од по 20.000 евра и му ги дал на Германецот по што си заминал. Набргу златарот сфатил дека парите се фалсифиувани па го пријавил случајот во полиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања