„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Во изминатиот ден се случиле шест сообраќајки во Скопје, едно лице со тешки телесни повреди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Во текот на изминатиот ден (10.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно шест сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди и пет со материјална штета.

— реклама —

Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека тројца возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени пет возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, двајца возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така исклучени од сообраќај се и четири возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и еден возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 51 мандатни платни налози и 52 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања