„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Во изминатиот ден вкупно 10 сообраќајки во Скопје, шест лица полесно повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Во текот на изминатиот ден (14.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои шест сообраќaјни незгоди со телесни повреди и четири со материјална штета.

— реклама —

Во сообраќајните незгоди девет лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 23 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 17 возачи од кои: 15 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 12 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се четворица возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, осум поради непоседување пропишана зимска опрема, двајца возачи поради неносење сигурносен појас при управување на моторно возило и тројца возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се 13 пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин и еден пешак затоа што поминал коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 72 мандатни платни налози и 59 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

— реклама —

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања