Во изминатиот период се набавија 12 нови амбулантни возила и 13 возила наменети за домашно лекување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
brza-pomos

— реклама —
Министерството за здравство во изминатиот период набави 12 нови возила за Итната медицинска помош и 13 нови возила наменети за единицата за домашно лекување во градот Скопје.

— реклама —
Новите 12 возила за брзата помош се опремени со најсовремена медицинска опрема. Шест од вкупно 12 возила се распределија во градот Скопје, а останатите шест во Здравствените домови во Крушево, Кичево, Крива Паланка, Берово, Струга и Дебар. Со овие возила, за двојно е зголемен капацитетот на Службата за итна медицинска помош во Скопје.

Тринаесетте возила за Здравствениот дом во Скопје, десет од нив се наменети за единицата за домашно лекување, а останатите возила за секојдневно транспортирање на работните единици во оваа установа.

Како никогаш досега, Министерството за здравство инвестираше во нова опрема, возила, човечки капитал, инфраструктура и лекови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања