Во изминативе 2 години произведуваме по 1 терават часови струја помалку годишно, за чија набавка се троши и до 250 милиони евра, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Dalekovod_Pari

Заради криминалната влада и АД ЕЛЕМ плаќаме 250 милиони евра за увоз на струја, која порано била произведувана во Македонија, вели опозицијата

— реклама —

„Во изминативе 2 години произведуваме по 1 терават часови струја помалку годишно. Таа струја наместо од домашно производство како во време на ВМРО-ДПМНЕ, сега ја увезуваме. Годишно за набавка на 1 терават часови струја се троши и до 250 милиони евра. Тоа се пари кои се одлеваат од државата во форма на девизи.

— реклама —

Доколку власта работеше на полето на енергетиката, тие 250 милиони евра наместо на увоз на скапа струја, ќе можеа да се инвестираат во нови енергетски капацитети во државата.

— реклама —

Со сегашната пракса на работа, т.е. неработа и крадење енергетскиот систем колабира, а се помало е производството на домашна струја. На среден до долг рок тоа ќе значи целосна енергетска зависност ма државата од увоз на струја, и неизвесност за домаќинствата и стопанството, кои наместо од домашни извори ќе се снабдуваат од странски пазари на струја, која е поскапа.

СДСМ нема план за енергетиката. Со СДСМ само тонеме. Потребни се предвремени парламентарни избори што побрзо. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на енергетиката и на што е можно поголемо домашно производство и нови енергетски капацитети“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања