Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Во Јапонија откриен нов вид диносаурус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
japonija-otkrien-nov-dinosaurus

Научниците од Универзитетот Хокаидо преку анализа на коски на диносаурус стар 72 милиони години, открија дека тој скелет припаѓал на нов вид од семејството хадаросауриди. Тоа е воедно и најголемиот скелет на диносурус досега пронајден во Јапонија.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Првично при заедничкото ископување, кое во 2013 година го спровеле музејот „Хобетсу“ и универзитетскиот музеј во Хокаидо, бил најден само опашот на ова големо суштество. Но со дополнителните истражувања е откриен речиси целиот костур на диносаурусот. Според резултатите од анализата на научниците, станува збор за нов род и вид тревојаден хардосаурид диносаурус. Научниците диносурусот го нарекоа „Камуисаурус јапоникус“. Овој џиновски гуштер бил долг околу осум метри и тежел меѓу четири и 5,3 тони, во зависност од тоа дали одел на две или четири нозе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања