Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во јули изречени речиси 21.000 казни, приведени 496 безобѕирни возачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

Во текот на јули, полициските службеници низ државата евидентирале 20.976 сообраќајни прекршоци, додека 496 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Најголем дел од прекршоците, односно 4.241, се однесуваат на непочитување на дозволената брзина на движење.

Од приведените возачи, 373 управувале возило без возачка дозвола, 81 бил под дејство на алкохол, 25 возеле и покрај изречена забрана, тројца биле фатени како возат со екстремно висока брзина во населено место, 13 надвор од населено место, а едно лице управувало во забранет правец.

— реклама —

Во истиот период, полицијата одзела 332 возила согласно член 300-б од Кривичниот законик.

— реклама —

Според статистиката на МВР, во јули биле санкционирани и 4.694 возачи за неправилно паркирање, 430 за возење под дејство на алкохол, 2.073 мотоциклисти поради неносење заштитен шлем, како и 1.829 лица кои не користеле сигурносен појас.

Дополнително, од сообраќај биле исклучени 299 нерегистрирани возила и 125 технички неисправни возила, а 44 возачи биле санкционирани поради непрописно затемнети стакла.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, со апел до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат правилата и прописите за поголема безбедност на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 7 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 8 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања