Промени тема
Контакт

Во кафе барот „Кадмо“ одржана дебата на тема: „Европеизација на Македонија-дали сме на добар пат“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Evropeizacija300623004

Во организација на Паневропската Унија на Македонија, денес во кафе барот „Кадмо“, се одржа дебата на тема: „Европеизација на Македонија-дали сме на добар пат“. Свои излагања имаа претседателот на Паневропската Унија на Македонија Андреј Лепавцов, универзитетските професори Љубомир Кекеновски и Марјан Бојаџиев, екс амбасадорот Марјан Ѓорчев, Огнен Цубалевски,менаџер во ОДВ Електрик и Олег Маленко од компанијата Вис Пој од Охрид.

— реклама —

Гостите од името на локалната самоуправа ги поздрави градоначалникот Кирил Пецаков.

— реклама —

– Денешната тема се провлекува низ политичко- општествениот живот на Македонија повеќе децении, а деновиве стана особено актуелна со последните потези што ги влече владата. Претпоставувам дека сите ќе се согласиме, а тоа е политички консензус кој трае –европеизацијата на Македонија никогаш не била доведена во прашање, само начините, методите и политичките средства како тоа се остварува, биле различни.

— реклама —

Благодарност до Паневропската унија на Македонија за реализација на денешната дебата, на која се надевам дека ќе има плодни дискусии, погледи и размислувања, која ќе фрлат нова светлина на европската перспектива за Македонија и ќе покажат дали сме навистина на добар пат – истакна во своето обраќање Пецаков.

— реклама —

Заедничко именител во излагањето на сите панелисти беше дека, на патот за полноправно членство во Европската Унија, грешките се во недоволниот капацитет што го покажавме како држава, но и не секогаш принципиелните и конзистентни ставови на Европа кон нашата земја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања