Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Во камион пренесувал дрога на граничен премин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

marihuana

Основното јавно обвинителство  Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против  две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 22.07.2019 година лице на возраст од 32 години во товарно моторно возило со полуприколка неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – марихуана во количина од 9.855 грама. Во вршењето на кривичното дело  со умисла му помогнал вториот осомничен ставајќи му на располагање средство за извршување на кривичното дело.

— реклама —

Двајцата осомничени по претходен договор а со цел пренесување на дрога, искористиле претходно договорено патување на првоосомничениот во Република Турција каде со товарно возило со полуприколка требало да се однесе дрвена граѓа.  Ноќта пред патувањето второосомничениот ја донел дрогата во патничко моторно возило кај с.Смоквица каде се сретнал со првоосомничениот кој го управувал товарното возило. Дрогата била спакувана во  20 полиетиленски пакувања исполнети со наркотична дрога – марихуана сместени во две торби и еден куфер.  Второосомничениот кога влегол во тварното возило кое го управувал првоосомничениот ја распоредил дрогата на повеќе места во возилото. Кога осомничените во текот на ноќта, со товарното возило пристигнале на граничниот премин Стар Дојран,  при излез од Република Северна Македонија била извршена контрола од  овластените службени лица и дрогата била пронајдена.

— реклама —

Ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетите како и можност да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Велес кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.  Судот го прифати предлогот на јавниот обвинител и со Решение на осомничените им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања