Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Вo Карпош отворен Ресурсен центар за енергетска ефикасност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
289589858_10158212383831706_1462295875098876006_n

Денеска (21.06.2022) во просториите на општина Карпош отворен е Ресурсен центар за енергетска ефикасност кој на граѓаните ќе им нуди широк спектар на услуги како што се совети, информации, директни консултации, застапување итн.

— реклама —

„Ресурсниот центар е наменет пред сѐ за поддршка на енергетски сиромашните домаќинства кои живеат во станбени згради, со посебен фокус на најранливите групи граѓани, како што се постарите лица кои живеат сами, корисниците на социјални станови, пензионерите со ниски примања, самохраните родители, лица со попреченост итн., но ги опфаќа и заедниците на сопственици, компаниите за управување со станбени згради, компании кои спроведуваат мерки за енергетска ефикасност од бизнис секторот, енергетски контролори, архитектонски фирми и градежни компании, даватели на финансиски инструменти како банки и микро-финансиски институции, институции на националната и локалната власт и сите граѓански организации кои иницираат и спроведуваат активности за заштита на животната средина преку подобрување на состојбата со енергетска ефикасност.

Ресурсниот центар е отворен во рамки на проектот ComAct - Активности за намалување на енергетската сиромаштија во станбени згради кој во нашата земја го спроведува Хабитат Македонија во општините Карпош и Кавадарци. Овој центар ќе се користи и во рамките на проектот „REPLACE“ со кој изработената алатка „калкулатор“ ќе им овозможи на граѓаните изработка на техно економска анализа како да ги заменат системите за греење и ладење со фосилни горива со ситеми од обновливи извори на енергија.

— реклама —

Центарот ке функционира во просторијата во ЗЕЛС (сегашна архива) секој работен ден од 7:30 часот до 15:30 часот со стручните лица од секторот за Екологија и Енергетска Ефикасност од општината“, информираат од Општина Карпош

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања