Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Во кичевско пронајдена импровизирана лабораторија за одгледување на канабис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

— реклама —
— реклама —
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот 40-годишник, во кичевското село Лисичане, била пронајдена импровизирана лабораторија за одгледување на растенија канабис и апаратура за производство на наркотична дрога марихуана. Притоа биле пронајдени 15 откорнати растенија со висина од околу еден метар и две млади растенија со висина од околу шест сантиметри засадени во саксија. Во домот на осомничениот била пронајдена и наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 0.14 грама во рачно направени цигари со мешавина со тутун.

— реклама —
— реклама —

Лицето е лишено од слобода и изведено пред судија на претходна постапка. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања