Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Во Кина се појави смртоносна чума позната како ,,Црна смрт”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
kina

Две лица во Кина се заболени од чума , соопштија денеска кинеските власти. Ова е втор пат во земјата да се појави т.н. Црна смрт , една од најсмртоносните причинители на пандемија во историјата на човештвото. Во мај годинава, монголска двојка почина од бубонска чума, затоа што јадела суров бубрег од мајмун, кој во народната медицина се смета за лек.

Најновите двајца пациенти кои имаат симптоми на  пневмонија, потекнуваат од кинеската провинција Внатрешна Монголија и сега се лекуваат во округот Чојанг во Пекинг, пренесува Си-Ен-Ен.

— реклама —

Чумата е предизвикана од бактерии, а луѓето можат да ја добијат, ако се каснати од заразено животно (или јадат сурово месо). Постојат три основни форми на развој на болеста: бубонска чума што предизвикува отечени лимфни јазли, септичка чума ја инфицира крвта и белодробна чума ги инфицира белите дробови.

Во моментов нема ефикасна вакцина против чума, но современите антибиотици можат да спречат компликации и смрт на пациентите.

— реклама —

фото: China Daily

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања