Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во Кисела Вода одбележани 170 години од смртта на полскиот композитор Фредерик Шопен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
DSC_9275

Денес по повод одбележувањето на 170 години од смртта на големиот полски музички великан, Фредерик Шопен во истоимениот парк во Кисела Вода се одржа културна манифестација.

— реклама —

Во паркот, ученици од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ пред присутните прочитаа реферати за придонесот и животот на светскиот музичар. По ова, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и Малгоржата Тицињска, сопруга на полскиот амабсадор во Република Северна Македонија положија цвеќе пред бистата на Шопен.

— реклама —

На крајот на манифестацијата градоначалникот Филип Темелковски на учениците и нивната наставничка им додели благодарници за особен придонес во реализацијата на одбележувањето на Денот на музиката на Фредерик Шопен.

— реклама —

Настанот го проследија претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, Дарко Филиповски и Зоран Ацевски, членови на Советот на Општината и претставници од Секторот за образование, предучилишно воспитување , култура и спорт.

— реклама —

Општина Кисела Вода во соработка со Амбасадата на Република Полска оваа година деветти пат по ред го чествуваше ликот и делото на најголемиот композитор за пијано, Фредерик Шопен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања