Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Во Кисела Вода се одржа дискусија „Предизвици на практикување на волонтерство во заедницата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
IMG_2780

Денеска во Општина Кисела Вода се одржа панел дискусија „Предизвици на практикување на волонтерство во заедницата“.

— реклама —

Претставници од Општина Кисела Вода, Министерството за труд и социјална политика и Волонтерски центар – Скопје дискутираа за волонтерство, за младинско учество и младински политики, беше презентиран и Законот за волонтерство.

— реклама —

Присутните имаа можност да разменат мислења, да слушнат колку проценти од младата популација сака да волонтира, колку од неа се вклучени во волонтерските активности и колку се запознаени за истите. Детално беше објаснето што значи волонтирањето, а се зборуваше и за волонтерските активности што ги нудат организациите.

Кампањата на Волонтерскиот центар – Скопје кој е регионална канцеларија на коалицијата СЕГА повикува: „Волонтирај за доброто на твојата заедница! Инспирирај ги младите околу тебе!“ Истата има за цел да влијае на подигнување на свеста кај младите за волонтирање преку нивно вклучување во конкретни волонтерски локални акции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања