„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Во Кочани ќе се бира жетварска убавица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zetvarska

Со изборот на жетварска убавица што ќе се одржи утре во градскиот парк во Кочани, почнува дваесет и седмото издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

— реклама —

Годинава во конкуренција се 14 девојки на возраст од 15 до 20 години, при што изборот на жетварска убавица ќе го изврши жири комисија од пет члена, од кои четворица се стилисти, а еден е претставник на општина Кочани.

Покрај изборот, ќе се одржи и перформанс во режија на артистката Кристина Атанасова Арсова.

— реклама —

Девојката која ќе биде прогласена за жетварска убавица, ќе го ожнее првиот сноп ориз во рамки на обичајот зажнејување. Со тоа и официјално ќе биде означен почетокот на овогодишната жетва на оризовата култура во Кочанско.

Најавено е дека настанот ќе се одржи во Земјоделскиот институт во Кочани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања