Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во Кочани парична казна за обвинет кој непостапувал според здравствените прописи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе Предлог за издавање казнен налог за лице кое го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

За време на пандемија прогласена од Светската здравствена организација, не постапил согласно прописите, мерките и наредбите за сузбивање и спречување на заразната болест  COVID 19 донесени од надлежните органи. Обвинетиот на 16 март се вратил од земја со висок ризик од зараза, при што на граничниот премин кон Република Северна Македонија бил запознаен со обврската за самоизолација за која потпишал и изјава. Но,  на 18 март го напуштил домот и дошол во ОВР Кочани.

— реклама —
— реклама —

Поради стореното кривично дело, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани на судот му предложи на обвинетиот да му изрече парична казна во висина на 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност.​​

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања