„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Во Кочани, три жени се тепале за еден маж

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
policija-22

Жестока тепачка на три жени се случувала синоќа во Кочани, причината е маж на возраст од околу 40-тина години кој е главниот актер во љубовен триаголник. Тој,  емоционално и физички бил помеѓу жена на свои години и млада кочанка на возраст од 25, пишува Телевизија стар

— реклама —

Извесен период, кочанскиот Казанова успешно ја контролирал ситуацијата, се додека старстите не зовреле, па младата љубовница, заедно со уште една своја другарка, својата постара и поискусна конкуренција не ја нападнале на сред улица.

Започнале со навреди и кавга, а завршиле со клоцање, кубење и гребење. Жестоката пресметка се одвивала пред очите на љубовникот, кој дури и во овој случај не одбрал страна.

— реклама —

Случајот го потврдуваат и од полицијата, но оттаму се воздржани околку коментар за причините за тепачката. Во официјалната информација за настанот, за кој во Кочани нашироко се дебатира стои:

„На 23. 12.2018 година, во 19.45 часот во ПС Кочани,  В.М. 48 од Кочани, пријавила дека на ул Охридска по претходна вербална расправија настанала физичка пресметка меѓу пријавителката М.Л (44) од Кочани од една и И.П 25 од Пеклани, виничко и А.М. 20 год. од Кочани, од друга страна. По комплетирање на настанот, против учесниците ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информираат од МВР.,

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања