Кочанчанецот Благојче Дончев почнал да организира погреб за својата мајка, зато што од болницата му кажале дека починала. Се јавил на блиските роднини и погребен оператор, од каде закажале во црква и испечатиле некролози, но кога тој заедно со операторот дошол да го земе телото, открил дека мајка му е жива и лежи на Интерното одделение, објави 24.мк.
Неговата 58-годишна мајка има прележано два мозочни удари и откако повторно и се слошило пред два дена со Брза помош била однесена во кочанската болница. Вели дека оние што му ја соопштиле веста му рекле и кој погребен оператор да го повика, но тој ги одбил и се јавил на друг.
Сопствениците на фирмата за погребни услуги што ги повикал велат дека во оваа битка за починати се делат пари на вработени во болницата кои форсираат одредени оператори. За тоа повеќепати го известиле и раководството на болницата и полицијата.
Текстот во целост на: објави 24.мк.