Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 20 пациенти, а вкупно се лекуваат 433 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-2

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 20 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 433 лица сомнителни и потврдено за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

— реклама —

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за ОРЛ и на Клиниката за гастроентерохепатологија, тројца на Очната клиника и двајца на Клиниката за Нефрологија.

— реклама —

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани петмина болни.

— реклама —

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 29 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на

Клиниката за очни болести 12 пациенти, а на ОРЛ 18 болен. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 135 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 47 пациенти.

Вкупно 433 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 86 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања