„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 22 пациент, а вкупно се лекуваат 448 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-2

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 448 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

— реклама —

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 9 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за дерматологија, на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Клиниката за Нефрологија и тројца пациенти на Клиниката за Неврологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 5 болни.

— реклама —

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 36 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 27 пациенти, на

Клиниката за очни болести 11 пациенти, а на ОРЛ 20 болен. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 132 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти.

Вкупно 448 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања