Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 26 пациенти, а вкупно се лекуваaт 289 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
korona5

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 289 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

— реклама —

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 5 во текот на вчерашниот ден.

— реклама —

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 94 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 10 пациенти.

Вкупно 289 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 110 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања