Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти, а вкупно се лекува 391 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 391 лице сомнително и потврдено за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Кожната клиника, двајца на Клиниката за Нефрологија и четворица во Ковид центарот на Неврологија.

— реклама —

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 9 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.

— реклама —

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 13 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести 12 пациенти, а на ОРЛ 11 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 19 пациенти.

— реклама —

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 99 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 130 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент.

Вкупно 391 пациент потврден и сомнителен за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

— реклама —

Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 115 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања