Промени тема
Контакт

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 30 пациенти, а вкупно се лекуваат 452 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bolnica-1

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 452 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 13 приеми и тројца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, четворица болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, тројца пациенти на Клиниката за нефрологија и исто толку во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти, а седум болни биле примени на Инфективната клиника.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.

— реклама —

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 38 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, а на Клиниката за очни болести 17 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 27 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 107 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 150 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 28 пациенти, од кои 7 деца и 21 возрасен.

Вкупно 452 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

— реклама —

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања