„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 38 пациенти, а вкупно се лекуваат 491 Лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bolnica-1

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 38 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 491 лице сомнително и потврдено за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

— реклама —

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 23 приеми и тоа петмина пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, пет во ковид центарот на Клниката за Неврологија, тројца пациенти на Институтот за ТБЦ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија, двајца на Очната клиника и еден на Клиниката за гастроентерохептологија. На ОРЛ се примени четири нови болни.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало седун нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени осум болни.

— реклама —

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 48 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 23 пациенти, на Клиниката за очни болести 18 пациенти, а на ОРЛ 26 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 110 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 152 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациент и тоа 9 деца и 23 возрасни.

Вкупно 492 пациент потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања