„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Во куќата на Ременски најдени доверливи документи, известени се надлежните институции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Slika-Frosina-18-12

Обвинителството за организиран криминал ги потврди информациите на МКД.мк дека при претресот во куќата на осомничената пратеничка на СДСМ Фросина Ременски за новата истрага за случајот Рекет се најдени доверливи документи, пишува МКД.

— реклама —

Новата истрага за случајот Рекет се води за невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски, чиј почесен претседател беше Фросина Ременски.

При претрес на домот на осомниченото лице се пронајдени документи и за нив се известени институциите од каде што потекнуваат документите и кои се надлежни за преземање на понатамошна постапка. Документите што ги наведувате во вашето прашање не се пронајдени при претресот, се вели во одговорот до МКД.мк на Јавното обвинителство.

— реклама —

Според неофицијалните информации на МКД.мк, во домот на семејството Ременски биле пронајдени доверливи документи од случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и преписки на поранешните први луѓе на Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР. Обвинителството ги демантира овие информации.

Сопругот на осомничената Ременски, Јовче Ременски, беше помошник директор во Управата за безбедност и контраразузнавање.

извор: МКД.МК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања