Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Во М-НАВ важи посебен протокол за влез, а тие се шетале како низ дома и тепале - тонеме во сѐ подлабока дука, алармира заменикот народен правобранител

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
kontrola-na-letanje-3

Упадот во М-НАВ и неодредувањето на притвор од страна на судиите Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ за осомничените, ја разбранува јавноста. За влез во зградата на контролата на летање, важат строги правила, сведочи и заменикот народен правобранител, Јован Андоновски. Тој посочува дека за тоа треба посебни одобренија, а пак, Беким Незири до ДУИ кој е вработен таму, овозможил со напаѓачите да се шетаат во зградата како низ дома.

„Не сакав да пишувам деновиве на големите празници Бадник и Божик, но неизбежно е да се каже дека тонеме во се' подлабока дупка. М-НАВ - бев на една обука и беше зафат да се влезе и движи низ просториите. Со претходна најава, одобренија, придружба при движење итн.

— реклама —

Посебен протокол за влез, особено во работните простории. Ајде што влегле и се шетале како низ дома, туку и тепале службени лица. Скандал од невидени размери. Да биде циркузот уште поголем, Кривичен за вакво дело немал доволно докази за да одреди мерка притвор.

На вработените во М-НАВ им стојам на располагање во рамки на нашите надлежности да им помогнам“, напиша Јован Андоновски.

— реклама —

Претходно, со став се јави и професорката Мирјана Најчевска.

— реклама —

„Се согласувам. Нема основа за разрешување на директорите на М-НАВ. Има основа за апсење на директорите на М-нав, целокупното раководство на ДУИ,сите министри, директори, судии, јавни обвинители и раководен кадар во полиција поставени од ДУИ. Како за почеток“, напиша Најчевска.

Владата најави разрешување на сите членови на раководството и отворање на процедура за избор на нови. Ова треба да се случи на денешната седница.

— реклама —

Доколку Владата подлегне на притисоците од коалициската ДУИ и не го смени раководството на М-НАВ, од 10 јануари контролорите на летање ќе штрајкуваат на неопределено време и ќе го затворат небото над Македонија заради безбедноста на патниците, потврди претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски.

Обвинителството побара притвор за четворицата уапсени напаѓачи, но истражниот судиите Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ одредија само мерки на претпазливост тврдејќи дека обвинителството не приложило доволно докази дека постои закана за загрозување на воздушниот сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања