Над дваест лица имаат потреба од трансплантација на срце. Десеттина од нив немаат никаква механичка поддршка, а останатите имаат вградени пумпи и или механичко срце. Еден од нив е 31 годишниот Кристијан Неделковски, кој е првиот пациент на кој пред 8 години му се вградени две пумпи во Берлин. Тој денес живее со многу компликации, а рокот на вградените пумпи е 5 години. Таткото на Кристијан, Зоран Неделковски вели дека состојбата му била влошена па морале да направат интевенција на вградените пумпи и платиле приватно 18 илјади денари, објави ТВ 21.
И 38 годишната Емилија Христоска жевее со андеж дека ќе добие срце за да продолжи да живее, објави Канал 5.
Од здружението„Храбро срце“ уште пред неколку месеци бараа да се започне со итна кампања за органодарителство но поради Ковид 19 започнувањето на кампањата доцни.
Најмладото лице кое има потреба од трансплатација на срце има 13 години, а најстариот 61 година. Македонија никогаш нема направено трансплатација на срце. Од почеток на корона вирусот починаа две млади лица кои имале компликации со срцето. Од почеток на корона вирусот починаа две млади лица кои имале компликации со срцето.
фото: Архива