Во Македонја дрога се купува со криптовалути од странство, фатени скопјани на дело

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица затоа што постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничената 37-годишна скопјанка и осомничениот 29-годишен скопјанец, кои што живееле во вонбрачна заедница, во домот во кој престојувале на улицата „Рузвелтова“, континуирано во повеќе наврати набавувале синтетичка дрога амфетамин, користејќи ја интернет платформата „ДаркНет“, преку креиран профил и користејќи криптовалути како платежно средство.

— реклама —

Дрогата ја набавувале од непознати лица од Германија, а им била доставувана преку поштенски пратки.

— реклама —

На аеродромот во Франкфурт, Германија, царински службеници заплениле поштенска пратка – хартиено плико на кое како примател била назначена осомничената. Пратката содржела амфетамин, па по воспоставена меѓународна соработка, поштенската пратка била испратена до пошта во Скопје на 09.09.2022 година. На осомничената и била доставена на домашна адреса. На 15 септември полициски службеници извршиле претрес во домот и пронашле амфетамин со нето маса од 82 грама, како и две тегли со наркотична дрога марихуана.

При претрес кај осомничениот, пак, пронајденa е уште една полиетиленска ќесичка со марихуана и една метална дробилка со остатоци од марихуана.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство и можност да го повтори делото. За осомничениот се предложени мерки на претпазливост.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања