Во македонски општини, може да има поголемо малцинство од друга националност или етничка група, ама тоа не ги прави присвојност на друга држава, вели Кираџиева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
vesna-kiradzieva

Пратеникот Скендер Реџепи, кој беше дел од Алтернативата, а сега дејствува како независен пратеник, прв од пратениците доби збор на седницата за уставните измени за вметнување на Бугарите. Тој бараше да се избрише формулацијата „20 отсто“ од Уставот при измените што треба да се донесат следниот период. Реџепи рече дека со вметнувањето на Бугарите ќе се отворат хоризонтите кон ЕУ, но во државата ќе има меѓуетнички тензии. Според него, Албанците не смее да бидат заложници.

— реклама —

„Може да се случат и други барања, албански општини да бараат пат кон ЕУ, одделно од македонските општини. Ова не би го посакувале, но реалноста е таа“, рече Реџепи.

— реклама —

На оваа изјава реагираше Весна Кираџиева од Левица.

— реклама —

„Скендер Реџепи од собрание: „албански општини да го бараат патот кон ЕУ одделно од македонските општини“.

Македонофобите сè уште се служат со сепаратистичка и шовинистичка реторика неказнети

Во Македонија може да има само македонски општини, градови, села... албански општини во Албанија итн. Во тие МАКЕДОНСКИ општини, може да има поголемо малцинство од друга националност или етничка група, ама тоа не ги прави присвојност на друга држава.

‼️ Ваква изјава е скандалозна и за осуда (согласно КЗ), за ширење национална омраза, раздор и нетрпеливост“, вели Кираџиева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања