Во текот на месец август полициски службеници на СВР Тетово, на поширокото тетовско подрачје откриле и соодветно законски санкционирале 1491 прекршоци на учесници во сообраќајот. Поради констатирани различни видови прекршоци, од сообраќај биле исклучени 81 возило. Најмногу од исклучените возила (59) имале истечена регистрација до и над 30 дена, додека кај 22 утврдена е техничка неисправност, претежно на сопирачките или имале некомплетна опрема. Во овој период, од сообраќај се исклучени и 260 возачи, од кои 139 кои управувале без возачка дозвола, 7 со несоодветна категорија, 10 со важечка забрана, 55 возачи - почетници кои не се придржувале на законските ограничувања и 49 кои управувале под дејство на алкохол. Откриените сообраќајни прекршоци соодветносе санкционирани.