Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Во мое време немаше труење, ниту во Гостивар“, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarylk6kmpj780a7741ItyH

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ги отфрли обвинувањата на премиерот Христијан Мицкоски дека за време на неговиот мандат како министер за здравство јавноста не била информирана за случаи на неисправна вода за пиење.

Според Филипче, во периодот кога тој бил на чело на Министерството за здравство немало труење со вода, ниту епидемија во Гостивар.

— реклама —

„Во мое време немаше труење со вода, ниту епидемија во Гостивар. Мицкоски вчера мавташе со некакви документи, но освен што постојано се повикува на обвинителството, не нуди конкретни решенија“, изјави Филипче на брифинг со новинарите.

— реклама —

Тој оцени дека институциите реагирале предоцна на состојбата во Гостивар и дека препораките од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести дошле откако епидемијата веќе земала замав.

Филипче потсети дека уште пред две недели предупредил дека постои ризик од појава на хепатит како последица на загадената вода и недоволните хигиенски услови.

— реклама —

„Ако водата е загадена, логично е да постои ризик од појава на хепатит. Тоа е основно медицинско знаење. Наместо навремени мерки, гледаме задоцнета реакција и импровизација“, рече тој.

— реклама —

Тој упати критики и за препораките граѓаните да користат техничка вода, поставувајќи прашања за нејзиното потекло и безбедност.

„Кој ја контролира техничката вода? Од каде доаѓа? Како се користи во угостителските објекти и кој гарантира дека е безбедна? Граѓаните заслужуваат јасни одговори, а не дополнителна неизвесност“, изјави Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 1 ден

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања