Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Во моментов да се прогласи вонредна состојба, повикува Најчевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
najcevska

Професорката Мирјана Најчевска, посочува дека во моментов мора да се прогласи вонредна состојба.

„Во моментов мора да се прогласи вонредна состојба. Само во такви услови може да се ограничат правата и слободите кои во моментот им се ограничуваат на граѓаните (на ниво на колективно, а не индивидуално ограничување): Член 54 Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот. Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот. Автоматски тоа е и правниот основ за одложување на изборите“, пишува Мирјана Најчевска.

— реклама —

Таа посочува во ситуацијава не може да се одржат избори.

— реклама —

„Имено, во ситуација на делумно ограничени права и слободи на граѓаните, во моментов не може да се одржат фер и слободни избори во кои секој граѓанин ќе има еднаква шанса да го даде својот глас за политичката опција за која сака“, додава Најчевска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања