Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Во Народната банка првата национална стратегија за финансиска едукација на популацијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
turisti

Народната банка е домаќин на првата официјална мисија, во рамки на проектот за техничка помош за финансиска едукација на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Министерството за финансии на Холандија, којшто се одвива во седум земји од холандската конституенца при ММФ и Светската банка. Покрај Народната банка, носители на овој петгодишен проект се и Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Целта на проектот е градење на капацитетите за развој на финансиската едукација, како и изработка на национална стратегија за финансиско едуцирање на населението.

— реклама —

Претставниците на ОЕЦД, од кои е составена мисијата, утрово остварија работен состанок со гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, на кој меѓу другото беше потенцирано дека иако во моментов се одвива првата фаза на проектот, којашто претставува мапирање на главните активности кај јавниот и приватниот сектор во земјава и утврдување на фактичката состојба за активните програми во полето на финансиската едукација, кај сите инволвирани страни постои цврста решеност за максимална посветеност на проектните активности. Ангеловска-Бежоска истакна дека проектот дава одлична можност за утврдување на идните активности за натамошно подигнување на нивото на финансиска писменост на населението во земјата.

Во продолжение на денешниот ден, претставниците на ОЕЦД во рамки на мисијата ќе остварат работни средби и со експерти од централната банка, Министерството за финансии и Министерството за образование и наука, како и со неколку меѓународни организации. Во Народната банка ќе се одржи и тркалезна маса со претставници на приватните финансиски институции, со цел да се согледаат нивните активности од областа на финансиската едукација. За утре е предвидена и тркалезна маса на којашто ќе учествуваат претставници на сите регулаторни институции на финансискиот систем на земјава, коишто заеднички учествуваат во Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија.

— реклама —

Овие активности претставуваат уште една потврда за заложбите на финансиските регулаторни институции за следење на светските трендови во делот на финансиската писменост, како и за зајакната координација во овој домен и со приватните финансиски институции.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања