Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Во недела изложба на фотографии „Девојките од Скопје“ на Лепа Георгиевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
Devojkite-od-Skopje-izlozba

— реклама —
Во недела со почеток од 20:00 часот во Кафе и филм Котур ќе се одржи изложба на фотографии „Девојките од Скопје“ на фотографката Лепа Георгиевска. 

 

— реклама —
Лепа Георгиевска е портретна и модна фотографка, фасцинирана од брилијантноста на човековата индивидуалност и уметноста на изведувањето. Во последните години Лепа има живеено и работено во Милано, Лондон и Сингапур.

„Девојките од Скопје“ е нејзин втор уметнички проект кој вклучува портрети од транс жени, по „Убавиците на Банкок“ со кој се има претставено во Банкок и Милано.  

 

За изложбата Калиа Димитрова напиша: „Не е доволно да бидам прифатена, сакам да бидам сакана. Но, ако светот тоа не знае да ми го даде, ќе си го дадам јас на самата себе.“„Девојките од Скопје“ е серија портрети во форма на блиска и пријателска средба со 6 транс жени од нашето локално опкружување, со кои можеби за прв пат ќе се погледнете директно во очи. А тие, без да го тргнат погледот, мудро и гордо ќе ви се насмевнат, како да се познавате отсекогаш. Фотографиите лебдат некаде помеѓу реалноста и фантазијата, нивна и наша, каде една девојка може да биде задоволна, самодоволна и речиси среќна.“

 

Настанот дополнително ќе го обогати и Ивана Драгшиќ со ДиЏеј сет.

 

Изложбата е дел од деновите за борба против насилството врз сексуалните работници што Коалицијата ги организира во партнерство со STAR - The first Sex Workers collective in the Balkans, и е финансиски е поддржана од Фондација Отворено општество - Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања