ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Во несреќата во Србија повредени 26 Македонски државјани повеќето од Радовиш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
nesreka

Информираме дека утринава се случи сообраќајна несреќа на патот Блаце- Белољин во Република Србија, во која автобус со македонски регистарски таблички се превртел носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник. Во несреќата се повредени 26 лица, од кои 18 се згрижени во болницата во Блаце, додека 8 се згрижени во болницата во Прокупље.

— реклама —

Според првични информации од лекарите, згрижените се надвор од животна опасност, додека едно лице во Прокупље е потешко повредено. Засега се сите контактибилни, но за секој случај во болницата во Прокупље се врши и компјутерска томографија за да се утврди прецизно состојбата на повредените.

Според неофицијална информација од Болницата во Блаце, Србија, патниците биле претежно од Радовиш. Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е во постојана комуникација со надлежните органи. Од страна на МВР на Србија-Полиција Блаце сме информирани дека сѐ уште се врши увид на местото на несреќата и засега не можат да дадат подетални информации. На терен е и надлежен јавен обвинител.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања