„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Во обид да направи селфи фотографија, падна од балкон на 27 кат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
balkon

Сандра Мануела Да Коста Мачедо (27) починала како последица на пад од балкон на 27. кат од зграда во Панама Сити. Нејзиниот пад од зградата „Луксор Тауер“ бил снимен од работници кои работеле на зграда во билизина, пишува италијанскот весник „Кориере дела сера“.

— реклама —

px6OHIXiZuE
— реклама —

Мечедо која била учителка и мајка на две деца, седeла на оградата на балконот затоа што сакала да направи селфи фотографија со помош на стап за издолжување, но притоа загубила рамнотежа и паднала од балконот. Работниците веднаш повикале брза помош, но за жената немало спас. Теоријата на полицијата, засега, е дека Португалката загубила рамнотежата, бидејќи почнал да дува силен ветер.

На снимката што се прошири на интернет, се гледа жена која седи на оградата свртена со грб и изгледа како во еден момент да сака да се задржи за оградата, по што следи нејзиниот пад. И додека паѓа, таа во раката го држи стапот за селфи фотографии. На видеото се слуша и глас на работник кој вели дека жената е луда што седи на ограда толку високо, а потоа панично почнува да вика дека жената паѓа.

Според една неодамнешна студија, од 2011. до 2017. година, дури 259 лица загинале во обид да направат селфи фотографии на екстремни места, како високи карпи или железнички пруги.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања