Промени тема
Контакт

Во однос на Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ прави штета, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
120190420_222432

Владата предводена од СДСМ ги штити државните и националните интереси, во решавањето на прашањата со Бугарија, не отстапува од црвените линии кои се дефинирани со Резолуцијата усвоена во Собранието од страна на пратениците од сите политички партии, вели СДСМ.

— реклама —

„За македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја и посебност, нема, ниту може да има никакви преговори.

— реклама —

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, во време кога се решава евроинтеграцискиот процес на државата, се однесуваат срамно, неодговорно и недозволиво, со што прават штета на државните позиции и националните интереси.

— реклама —

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја засилија деструкцијата и лажеа дека ќе се избрише македонскиот јазик, дека народот ќе биде асимилиран, а државата ќе се бугаризира.

— реклама —

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да покажат одговорност, да престанат да одработуваат за туѓи интереси и да не прават штета само заради задоволување на лични и партиски интереси“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања