Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во Охрид промовирано петтото јубилејно издание на поетската збирка „Тие доаѓаат“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

ОО
media-library4csceo8884qlfbZWo3K

Во Галеријата на НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирано петтото јубилејно издание на поетската збирка „Тие доаѓаат“, во рамките на програмата за одбележување на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

— реклама —

На промоцијата беше истакнато дека петтото издание претставува потврда за трајноста на делото и интересот на читателите за поетската мисла. Особено беше нагласено значењето на литературата како огледало на времето, чувар на јазикот и мост меѓу генерациите.

— реклама —

Претседателот на Советот на Општина Охрид, во своето обраќање, посочи дека секое успешно литературно издание е значаен придонес за културниот живот на градот, кој има длабоки традиции во негувањето на македонскиот збор и книжевноста. Тој оцени дека петтото издание на збирката сведочи за препознаениот квалитет, емоција и автентичност на делото.

— реклама —

Уредник на изданието е Митре Велјаноски, а приредувач е Славе Ѓорѓо Димоски. На настанот, директорката на Библиотеката, Христина Трпеска, и писателката за деца Розе Костеска прочитаа дел од поетските творби.

— реклама —

Промоцијата беше посветена на значењето на македонскиот јазик и литературата, како и на нивната улога во зачувувањето на културното наследство и поттикнувањето на новите генерации читатели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue

Охриѓанец возел мртов пијан и предизвикал сообраќајка, полицијата му го одзеде автомобилот

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Физички напад во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryieiifrbnci9b2DoVXzS

ЈП „Охридски Комуналец“ ги подготвува цветните леи за есенско-зимската сезона

ОО | пред 2 седмици

media-librarybmmhk23aqoro5LkPDPu

Перчо Божиновски: Младите охриѓани со три проекти ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум

ОО | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања