„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Во општина Охрид се одржа координативен состанок со претставници на сите здравствени институции од подрачјето на Општина Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kosta-1

Во насока на исполнување на оперативните мерки за соодветно и навремено делување при справувањето со Корона вирусот Ковид 19, денеска во просториите на Локалната самоуправа беше одржан координативен состанок со претставници на сите здравствени институции од подрачјето на Општина Охрид, објави на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

— реклама —

Во продолжение градоначалникот пишува:

📄На состанокот беше дефиниран оперативниот план за згрижување на пациенти кои ќе имаат потреба од болничко лекување, согласно утврдените протоколи од страна на Министерството за здравство и препораките на Светската здравствена организација.

— реклама —

Беше утврдено дека👇

🏨Направени се сите потребни подготовки за навремено делување на Одделот за интензивна нега во рамки на ЈЗУ Општа Болница. Ова ќе биде оддел каде што ќе се згрижуваат пациентите со потешка клиничка слика и потреба од интензивно лекување.

🧪Целокупната медицинска опрема, ресурси и капацитети за интензивна нега кои што ги поседуваат сите здравствените установи ќе биде на располагање при лекувањето на потенцијалните пациенти во Одделот за интензивна нега во Општата болница

👩‍⚕️ Целокупниот медицински персонал од јавните здравствени институции, кој според проценките е во доволен број, ќе биде ставен на располагање за навремено и тековно делување, согласно протоколите

👩‍🔬Формирани се тимови од доктори и медицински персонал кои имаат големо искуство во интензивната нега и истите ќе бидат ангажирани за интензивен болнички третман во изолација. За оваа намена обезбедена е соодветна заштитна опрема

↔️Утврдена е и логистика за координирање помеѓу сите надлежни институции, со цел да бидат ставени на располагање сите ресурси и заеднички да се придонесе за посоодветно надминување на оваа состојба.

❗На состанокот беше утврдено да се упати ЈАВЕН АПЕЛ до сите граѓани на Општина Охрид да покажат највисоко ниво на јавна свест, да ги почитуваат сите препораки за заштита од Корона вирусот Ковид 19 и покрај поволните временски услови да останат во своите домови.

Само така ќе можат да помогнат и да придонесат за зачувување на своето здравје, здравјето на најблиските и целокупното јавно здравје.

ДА БИДЕМЕ ОДГОВОРНИ!

ОД СИТЕ НАС ЗАВИСИ!

фото: ФБ Константин Георгиески

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања